
Нападната и ограбена 66-годишна жена во населбата Грашница
Од СВР Охрид информираат дека вчера, во населбата „Грашница“ во Охрид, едно лице физички нападнало 66-годишна жена од Охрид, по што ја ограбило.
Од жената била одземена чанта во која имало мобилни телефони и пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: OhridNews