Напаѓачот од чешката болница се застрелал во глава

 Напаѓачот од чешката болница се застрелал во глава

Чешката полиција соопшти дека маж се застрелал во глава во автомобил што го барале како дел од потрагата по напаѓачот кој уби шест лица во болница во источниот град Острава.

„Полицијата го пронајде автомобилот, од местото се слушна пукање. Го утврдуваме идентитетот на лицето што се застрела во главата пред полициската акција“, соопшти полицијата на Твитер.

Вооружен напаѓач застрела и уби шест лица во чекална на болницата во чешкиот град Острава во необјаснет напад, соопштија властите.
Извор:OhridNews

>
>