
Народниот правобранител секој последен петок од месецот ќе биде во Струга
Народен правобранител, подрачна канцеларија Кичево, секој последен петок од месецот ќе биде во посета на градот Струга. Од Општина Струга информираат дека средбите со граѓани ќе се одржуваат во просториите на Општината ( сала на Советот на Општина Струга) во период од 09:00 до 15 : 30 часот.
Извор:Strugaonline