• 18/09/2020

НАТО со вонреден состанок поради нападот врз турските сили во Идлиб

 НАТО со вонреден состанок поради нападот врз турските сили во Идлиб
loading...
Advertisement

БРИСЕЛ (АА) – НАТО, на барање на Турција, денес вонредно ќе заседава, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Твитер соопшти дека е активиран членот 4 од Северноатлантскиот договор на НАТО по барање на Турција.

Столтенберг изјави дека Северноатлантскиот совет ќе се состане на ниво на постојани претставници и ќе разговара за развојот на настаните во Сирија.

– Членот 4 од Северноатлантскиот договор на НАТО –

Според член 4 од Северноатлантскиот договор, кога се смета дека на сојузникот му е загрозен територијалниот интегритет, политичката независност или безбедноста, тој може да побара консултација со сите сојузници.

Турција последен пат во 2015 година побара да се активира членот 4, а последователно на тоа НАТО се согласи на приспособени мерки за Турција поради заканите што доаѓаат од Сирија.

Во тие рамки предвидено беше патролирање на авионите за рано предупредување АВАКС (AWACS) во областа, зголемување на воените елементи во Источниот Медитеран и зајакнување на разузнавачките активности, извидувања и набљудувања.