
НАТУРА-ЛАБ:ОСТРО ЈА ОСУДУВАМЕ ВЛАДАТА НА Р.С.МАКЕДОНИЈА
Дали ние во оваа држава сме граѓани од втор ред?
Зборот даден во с.Чегране се одржа, и се радуваме за тоа. А ние по 100-ти пат се прашуваме кога Лабуништа ќе дојде на ред.
Добивме низа празни ветувања, а во последно дури никаков одговор не добиваме од надлежните. Дали воопшто остана надеж за решавање на проблемот?
Денес каменоломите работаат со засилено темпо, очевидци сме на екстремно минирање, мелење, ископи кои создаваат огромно загадување на нашата животна средина.
Едно е сигурно, без разлика на ставот од политичките партии, народот на овие парламентарни избори ќе им пресуди на сите кои нанесоа штета врз нашето Лабуништа, народот знае да каже НЕ за избори во Лабуништа!
Со почит
НАТУРА ЛАБ