Научниците открија ДНК стара повеќе од два милиони години

Научниците открија ДНК стара повеќе од два милиони години

Научниците од Центарот за геогенетика на Фондацијата Лундбек идентификуваа ДНК стара два милиони години на животни, растенија и микроби, кои беа пронајдени во седиментни карпи на најсеверната точка на Гренланд, што претставува неверојатно откритие, објави Ројтерс.

Истражувачите објавија дека откриените фрагменти од ДНК припаѓаат на различни животни, вклучувајќи мастодони, ирваси, зајаци, леминзи и гуски, како и растенија, вклучувајќи топола, бреза и туја, но и микроорганизми меѓу кои бактерии и габи.

Според директорот на Фондацијата Лундбек и водачот на студијата што дошла до ова откритие, Еске Вилерслев, најголемото изненадување за научниците било откривањето на некогашниот уникатен екосистем – мешавина од арктички видови и видови од поумерените области.

-Мастодонот досега не е пронајден на Гренланд. Никој не можеше да предвиди дека Гренланд има толкава разновидност на растенија и животни пред два милиони години, во време кога климата беше многу слична на онаа што ја очекуваме за неколку години поради глобалното затоплување, рече тој.

ДНК е самореплицираниот материјал кој носи генетски информации во живите организми, и покрај тоа што е многу расиплива, научниците открија дека под соодветни услови може да преживее многу долго, објави Ројтерс.

Вилерслев рече дека старата ДНК не може да се користи за оживување на изумрените видови, како во филмовите за Паркот Јура, но може да помогне да се открие како растенијата стануваат поотпорни на климата што се загрева.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy