Научниот свет во паника – во Британија се појави нова мутација наречена супер сој

 Научниот свет во паника – во Британија се појави нова мутација наречена супер сој

Се појави нова мутација на британскиот вид на коронавирус, соопшти професорот Кристијан Рамадан, кој предава молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, додавајќи дека го нарекле супер сој.

Новото откритие кое уште повеќе го заплашува човештвото доаѓа само два месеци откако беше откриен британскиот сој и од декември минатата година стана доминантен вид, бидејќи повеќе од 50 проценти од луѓето се заразени токму со оваа мутација на коронавирусот.

-Новите наоди покажуваат  дека овој британски сој има мутација што потекнува од јужноафрикански род. Сега имаме нов „супер британски вид“ со мутација на Јужна Африка, што е важно да се знае затоа што некои мутации можат да избегнат појак имунолошки одговор, вели Рамадан.

Професорот нагласи дека Велика Британија го вакцинира населението со голема динамика и дека досега се вакцинирани 13 милиони луѓе. Околу 15 милиони луѓе се очекува да бидат вакцинирани до средината на февруари.

На прашањето дали појавата на новиот вид го најавува третиот бран на епидемијата, Рамадан рече дека тоа ќе зависи од ограничувачките мерки.