
НБА играч во „црно-белиот“ дрес!
Катастрофалните резултати во последните три недели и петте порази во последните шест меча во сите натпреварувања го натераа Партизан да размислува за потенцијални засилувања со цел да ја спаси сезоната.
Белградскиот клуб е во преговори со искусниот бек Тајлер Дорси кој во моментов е член на Далас Маверикс, но има „двонасочен“ договор со цел да може да игра за филијалата на оваа франшиза Тексас Леџендс.
Дорси е грчки репрезентативец и во 2017 година беше избран како 41. пик на драфтот од Атланта Хоукс. За тимот од Џорџија настапуваше две сезони и одигра вкупно 83 натпревари по што се пресели во Мемфис и за него играше на 21 меч.
Сезонава игра одлично во Развојната лига каде на 12 натпревари просечно постигнува по 24,8 поени. Има искуство и од Евролигата бидејќи беше член и на Макаби и Олимпијакос.