Не фрлајте ја кората од ова овошје – направете си чај: Лечи грип и настинка, го чисти џигерот, го намалува нивото на шеќер во крвта…

 Не фрлајте ја кората од ова овошје – направете си чај: Лечи грип и настинка, го чисти џигерот, го намалува нивото на шеќер во крвта…

Ова воедно е и идеално време себеси да си подготвите природен чај од кора од мандарина кој што и тоа како ќе ви помогне.

Иако овошјето треба да го јадеме секојдневно, како и тоа секојдневно да пиеме чаеви, факт е дека го правиме тоа само во текот на есенските и зимските денови.

Чаевите и овошјето се преполни со витамини и минерали и поради тоа се важен сојузник за чувањето на нашето здравје, особено во текот на есента и зимата, кога вирусите се присутни на сите страни.

Мандарините содржат витамин Ц, но освен нивниот плод и кората содржи многубројни лековити својства, а најдобар начин да ја консумирате е да си направите чај од неа кој што помага при главоболка, грип, настинка, чистење на џигерот, регулација на нивото на шеќер во крвта.

Едноставно, излупете ја мандарината и исушете ја нејзината кора во рерна на температура од околу 50-60 степени. Исушената кора ставете ја во шолја, а потоа прелијте со топла вода, оставете кратко да отстои, а потоа испијте го чајот.

По желба може да додадете и лажица мед или пак кората од мандарина прелијте ја со некој чај наместо со вода – можеби најдобро е тоа да го направите со црн чај со горчлив вкус, а мандарината ќе го направи посладок за пиење.