
Не сакаат насилство, но сакаат војна: Чудни изјави на лидерите на Ерменија и Азербејџан за пролевањето на крв во Нагорно-Карабах
Пашинјан и Алијев дал одвоени интервјуа за “Euronews” во кои изнеле меѓусебни обвиненија.
Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан изјавил дека прашањето за Нагорно-Карабах не може да се реши со насилство, додека претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев вели дека примирјето во Нагорно-Карабах, каде веќе 11 дена траат судири, не може да биде унилатерално. И додека лидерите на овие две земји зборуваат за мир, артилеријата пука од сите страни, летаат ракети, цивилите се раселуваат, но и гинат во гранатирања.
“Примирјето не може да се реши еднострано. Тоа треба да биде билатерална одлука. Покрај тоа, треба да и да се примени на терен”, рекол Алијев.

Според неговите тврдења, Ерменија ги нападнала нивните воени позиции, инфраструктура и цивили, пренесува “Tass”.
Од друга страна, ерменскиот лидер вели дека позицијата на Ереван останува иста.

“Прашањето за Карабах не може да се реши со насилство. Ниедно решение не може да се постигне со насилство”, рекол тој.
Пашинјан додал дека меѓународната заедница треба да ја признае независноста на Нагорно-Карабах ако сака да спречи хуманитарна катастрофа во регионот.