Не сум овде затоа што сум Ибрахимовиќ

Не сум овде затоа што сум Ибрахимовиќ

Иако имаше многу понуди Златан Ибрахимовиќ реши да се врати во Милан, во клубот во кој претходно играше и ја освои шампионската титула во Серија А. Харизматичниот Швеѓанец би требало да ја врати екипата од понорот, а на прес-конференцијата даде изјава во свој стил.

Дали ќе остане до крајот на кариерата во Милан?

„Никогаш не се знае. Кога имате добар однос со сите тогаш се е можно. Се додека сум активен барам предизвици и давам резулати. Не сакам да бидам само фигура. Ако после шест месеци работам добри работи тогаш ќе продолжиме“, изјави Ибра.

„Да разјасниме нешто. Не сум овде затоа што сум Ибрахимовиќ. Почнувам од ново и морам да дадам резултати. Минатото не ми помага. Тоа што ми дава адреналин е обидот постојано да се докажувам“, изјави Швеѓанецот.

ПОВЕЌЕ ПОНУДИ СЕГА ОТКОЛКУ НА 28 ГОДИНИ

„Зборував со Бобан, а потоа помина месец дена и после мечот со Аталанта имаше многу повици. Со 38 години имав повеќе понуди отколку кога имав 28 години. Барав адреналин во себе, да извлечам максимум од себе. Не беше тешка одлука. Милан ми ја врати среќата во 2012 година после авантурата во Барселона. Доаѓам да ги подобрам работите. Резултатите не ни се добри, но сезоната е маратон, а не трка. Милан е Милан, историјата не се менува. Можеби не е како порано, но после Берлускони многу работи се променија во клубот. Сакам Бобан и Малдини да се на теренот, но ни јас не сум лош“, вели Златан.

СЕГА ПОЛЕСНО МОЖАМ ДА ДАВАМ ГОЛОВИ ОД 40 МЕТРИ

„Не е возможно да играм како пред 10 години, но место да трчам, можам да шутирам од 40 метри и да постигнувам голови. Знам дека притисокот е голем, дека сите очекуваат резулати, меѓутоа ако играте за Милан, тоа е логично. Сакам да ја подобрам ситуацијата, исто така сакам добро да се забавувам на теренот. Нека врви работата, па не ми е грижа дали луѓето ќе ме исмејуваат или не“, додаде шведскиот ас.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds