Некогашен руски шпионски брод претворен во луксузна суперјахта – ”ѕирнете” во неа

Некогашен руски шпионски брод претворен во луксузна суперјахта – ”ѕирнете” во неа

Покрај фактот дека поседува труп кој што може да пробие мраз, „Olivia“ поседува и ”мајмунски остров”, кој што ни ги открива трагите за нејзиното минато од периодот на Студената војна.

Шпионажата од периодот на Студената војна не се поврзува често со суперјахтите, но „Olivia“ баш така го започнала својот живот.

Била купена од страна на руската морнарица во 1972-та година, а денес на себе има обележја на места на кои некогаш се наоѓале сонари, користени за пронаоѓање стари подморници.

„„Olivia“ бил комерцијален брод конструиран во Финска, а потоа бил користен како истражувачки брод од страна на руската војска, наводно надгледувајќи го морското дно. Факт е дека станува збор за шпионски брод“ – изјавил Тим Викнерс, брокер кој што е задолжен за продажбата на овој брод.

Со овој денешен комфор, некогашните советски шпиони ловеле НАТО подморници. Со трупот кој што може да го пробие и најдебелиот мраз, и распон од 15.000 милји, „Olivia“ поседува платформа која што на авантуристите им дава можност да го посетат било кој крај на светот, што во денешно време е многу популарно.

Во ентериерот доминираат елементи од дрво, кои што совршено ја акцентираат колекцијата на уметности.

Поранешниот сопственик на јахтата со неа пропатувал многу земји низ светот, а таа е првата јахта која што успеала да влезе на територијата на Куба, кога попуштиле рестрикциите во 2017-та година.

Капетанот на оваа јахта поседува своја кабина на палубата во која што има и џакузи.

Нејзиниот индустриски екстериер е во совршен контраст со ентериерот кој што е окарактеризиран со минималистички скандинавски стил.

Целата јахта изобилува со топол амбиент, кој што е нагласен со дрвенести ноти.


Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds