Неколку причини зошто да јадете ореви секој ден

 Неколку причини зошто да јадете ореви секој ден

Можеби ги употребувате оревите само како состојка за колачи, но тие се идеални за ужинка или како додаток за салати и хумус.

Освен што се вкусни, полни се со хранливи состојки, па затоа треба да ги додадете во вашата секојдневна исхрана.

Седум ореви содржат 18 г здрави масти, 4 г протеини, 2 г влакна, скоро 50 отсто од препорачаниот внес на манган, како и помали количини на магнезиум, железо, калциум и витамин Б.

Истражувањата покажуваат дека оревите го подобруваат здравјето на срцето – го намалуваат холестеролот и високиот крвен притисок.

Оревите го чуваат и здравјето на мозокот, а освен наведените предности, консумирањето ореви го намалува чувството на глад и го регулира апетитот.

>
>