Неколку примери за однесувањето на возачите во градот Струга и околните села!

Неколку примери за однесувањето на возачите во градот Струга и околните села!

  1. Се паркира сред патот, блокира цела лента само за да разговара, или да седи што е можно поблиску до кафуле, во близина на вратата на бутик, маркет или слично, дури и ако тој имал можност да влезе на маркет со својот автомобил, без да води грижа за тоа дека блокирал пешачки премин или некој друг автомобил. Знам дека ќе кажете па во градот нема паркинзи, но ова не ви дава право да паркирате несоодветно!
  2. Тротоарите во градот, но и во селата, се блокирани од кафеанските столици, клиентите уживаат во кафето со прашина и Смогот за да го направат кафето уште позабавно, додека Маркетите и Бутиците ги блокирале половина од патот и тротоарот со картонски кутии каде изложени овошја и зеленчук, масло и шеќер, чорапи, итн., продавниците за авто-делови станаа аутосервиси каде се поправат автомобили и тоа сред пат!
  3. Возач кој претендира дека ги почитува правилата за сообраќај, го паркирал својот автомобил на паркингот и се сопнал затоа што некој го паркирал својот автомобил, без да води грижа за него како ќе излезе, а тој мора да почека „Халабакот„ да тој ги заврши своите потреби, да купува некаде на пазар или да го пие кафето со пријателот или пријателите.

Мои стружани, автомобилот е многу корисно превозно средство, не го злоупотребувајте, управувајте го вашето возило внимателно, прилагодете ја брзината според условите на патот, паркирајте каде што не спречува, почитувајте ги сите учесници во сообраќајот, кои ќе ве почитуваат и вие, ова се нарекува Цивилизација.

Со почит: Перпарим Истрефи

Извор: voxstruga.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds