Нема измени за влез во Србија – македонските државјани можат да патуваат без ПЦР тест

 Нема измени за влез во Србија – македонските државјани можат да патуваат без ПЦР тест

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска ги демантираше објавите на медиумите дека српските државјани кои планираат да патуваат во странство за време на Велингденските празниците, мора да имаат предвид дека кога ќе се вратат ги чекаат нови правила.

Како што беше соопштено, одлучено е да по враќањето од Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија, за српските граѓани задолжителен е негативен ПЦР тест.

Брнабиќ посочи дека оваа вест ја изненадила.

„Не е точна веста, не го сменивме режимот на влез во Србија, така да нашите државјани можат секогаш да се вратат во својата земја. Оние кои се вакцинирани, односно ревакцинирани, можат да влезат без потврда за негативен ПЦР тест, само со потврда за ревакцинација“, посочи Брнабиќ.

Како што наведе во продолжение, негативен ПЦР тест за влез во Србија не им е потребен на државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија

„Тоа е така затоа што има голем број граѓани кои циркулираат преку границата и со цел да им се олеснат бизнисот и животот“, рече Брнабиќ и посочи дека граѓаните на овие земји не подлежат на мерка изолација.

>
>