
Нема повеќе слободно место на Инфективна клиника, почнува со работа модуларната болница
Пополнети е целиот капацитет на Инфективната клиника, нема повеќе слободни места за пациенти заразени со Ковид-19. Оваа информација ја пренесе „360 степени“, потпирајќи се на изјава на министерот за здравство Венко Филипче.
Утрово Филипче најави дека има уште само 10 места на Инфективна, но со новиот бран и новите заразени, целиот капацитет се пополни. Тоа значи дека со работа почнува модуларната болница, за која министерот за здравство најави дека е подготвена да прима пациенти.
Во изминатите 24 часа примени биле 13 пациенти, и вкупно хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, а нема пациенти на респиратор.
Исто така на Инфективна на помош е дојден персонал и од Клиниката за пулмологија и алергологија, и од Институтот за белодробни заболувања и туберколоза.