Нема веќе секој да може да прави бесплатен тест за антитела

 Нема веќе секој да може да прави бесплатен тест за антитела

Отсега нема да може секој да направи бесплатен тест на Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека се воведат категории и ограничувања за тоа кој се ќе може да ги направи овие тестирања, бидејќи како што рече, претставувале трошок за државата.

Ќе има бесплатно испитување за присуство на антитела, но ќе има категории за да не го прави секој тој тест. На пример ќе може да се тестира лице кое прележало Ковид-19, или потребно е испитувањето пред да се прими вакцина, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

На оваа тема утрово министерот рагзоварал со директорите на Фондот и на Институтот, и се согласиле дека треба да продолжи праксата овие тестови да бидат на товар на државата, покриени од државен трошок, но ќе мора да се редуцираат пациентите кои ќе ги прават.

>
>