• 24/09/2020

Нема веќе тест за влегување во Македонија, аеродромите ќе работат од петок

 Нема веќе тест за влегување во Македонија, аеродромите ќе работат од петок
loading...
Advertisement

Од 26 јуни се укинуваат задолжението за приложување на негативен ПЦР тест и самоизолација од 14 дена при влез во Македонија, одлучи попладнево Владата.

Владата на синоќешната седница веќе олабави и други мерки. Дозволи организиран превоз во Полошкиот регион.Се врати редовната состојба на организиран превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово и од општините Теарце, Боговиње, Желино, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Брвеница, Маврово-Ростуше и град Скопје, соопштија од Владата.

-Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата денеска донесе oдлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.

На денешната седница Владата донесе одлука, исто така од петок, 26 јуни, угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа.

Од петок, 26 јуни 2020 година, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите.

За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки, објави премиерот Оливер Спасовски.