
Немири во Иран поради зголемувањето на цената на нафтата
Анти -владините протести во Иран нагло ескалираа откако властите во Техеран ја зголемија цената на нафтата и нафтените деривати.
Немирите и судирите на демонстрантите и полицијата се регистрирани во десетина градови низ земјата, а во судирите досега загина еден полицаец како резултат на здобиените повреди од физичката пресметка со гневните демонстранти.
Ден претходно, во судирите загина и еден демонстрант, но се стравува дека бројт на жртвите во немирите е многу поголем.
Гневните демонстранти упаднаа во неколку полициски станици, а со цел да се спречи организирање преку социјалните мрежи на поголем број на учесници во протестите, владата целосно го блокираше интернетот.
Зголемувањето на цената на горивата беше критикувано и од дел од иранските верски водачи како и од секуларните функционери.
Сепак, зад зголемувањето на цената на нафтата застана ајатолахот Али Хамнеи како и претседателот Хасан Рохани со објаснување дека немирите се организирани од страна на криминалци и надворешни фактори кои сакаат да ја дестабилизираат Иранската Исламска Република.