Несоницата кај децата доведува до низа проблеми

 Несоницата кај децата доведува до низа проблеми

Експертите велат дека проблемот е во тоа што многу деца седат пред компјутер, гледаат телевизија, зборуваат на мобилен телефон или играат видео игри пред спиење.

Бидејќи спиењето кај возрасните се повеќе се гледа како губење време, дури и малите деца веќе не спијат онолку колку што им е потребно за здрав ментален и физички развој. Според експертите за истражување на нарушувања на спиењето во болницата Дексеус во Барселона, несоницата кај децата доведува до напнатост, раздразливост, тешкотии во учењето, депресија, а понекогаш дури и до доцнење во развојот.

Експертите велат дека проблемот е во тоа што многу деца седат пред компјутер, гледаат телевизија, зборуваат на мобилен телефон или играат видео игри пред спиење, што значи дека имаат помалку време за спиење. Покрај тоа, овие хоби можат толку многу да ги разбудат што подоцна не можат да се опуштат ниту да заспијат.

  • Секој им кажува за штетноста од пушењето, но малкумина зборуваат за важноста на спиењето. Ако нешто не се направи, оваа генерација на деца ќе има сериозни проблеми со несоницата, вели психологот Викторија де ла Фуенте.