Неверојатна несреќа заврши со автомобил залепен на куќа

 Неверојатна несреќа заврши со автомобил залепен на куќа

Автомобил заврши вертикално залепен за куќа, откако излетал од патот утрово во селото Умчари во Србија. Во несреќата возачот се здобил со лесни повреди, а никој од домаќините во куќата не е повреден.

Локалните жители за српски „Телеграф“ велат дека на ова место често се случуваат несреќи, но ниедна толку неверојатна. Возачот најверојатно се излизгал од влажниот пат и завршил на фасадата.

>
>