Неверојатна среќа: 10 часа поминал затрупан во снег, спасувачите не можеле да го видат неговиот автомобил

 Неверојатна среќа: 10 часа поминал затрупан во снег, спасувачите не можеле да го видат неговиот автомобил

58-годишен маж од Њујорк е спасен после 10 часа поминати во автомобилот кој бил затрупан во снег со длабочина од нето повеќе од еден метар и притоа се здобил со хипотермија и замрзнати екстремитети.

Неговиот автомобил бил завеан и целосно затрупан од снегот, се јавил повеќе пати во полиција, а иако полицајците реагирале неколкукратно, тие и спасувачките служби едноставно не можеле да го лоцираат автомобилот поради снегот.

Кога го пронашле, тој веќе имал замрзнати делови од екстремитетите и хипотермија, па итно бил хоспитализиран.

Бурата „Гејл“ го донесе првиот снег на источниот брег на Соединетите Американски Држави, а обилните врнежи го блокираа сообраќајот и ги затрупаа патиштата.

x