• 12/07/2020
 Неверојатни сцени од митинг во Србија: Министер како рок ѕвезда скокна од бината, граѓаните го фрлаа во воздух!

Неверојатни сцени од митинг во Србија: Министер како рок ѕвезда скокна од бината, граѓаните го фрлаа во воздух!

рпскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации скокна од бината на предизборен митинг во Нови Пазар, а насобраниот народ го носеше на раце и го фрлаше во воздух.

Предизборната кампања во Србија се ближи кон самиот крај, па политичарите уште поинтензивно се обидуваат да ги уверат гласачите дека тие се најдобриот избор.

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, инаку основач на Демократската партија на Санџак, Расим Љајиќ за време на предизборен митинг, верувале или не, како вистинска рок ѕвезда скокна од бината меѓу народот, по што луѓето го фрлаа во воздух.

Митингот се одржуваше во Нови Пазар под името „Европски Нови Пазар – Расим Љајиќ“, а станува збор за последниот митинг на неговата партија пред неделните избори во Србија.

Digiqole ad

Можеби ке те интересира