Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Економијата на САД додаде 528.000 работни места во јули, двојно повеќе од очекуваните 250.000, а стапката на невработеност падна за 0,1 поен на 3,5 отсто, враќајќи се на најниското ниво во последните 50 години од февруари 2020 година.

Аналитичарите очекуваа малку повисока стапка на невработеност за јули – 3,6 проценти – како што беше во јуни. Вработеноста достигна 62,1 отсто, останувајќи за 1,3 процентни поени под нивото од февруари 2020 година.

Просечната заработка на час порасна со годишна стапка од 5,2 отсто. Бројот на отворени работни места за претходните два месеци беше ревидиран нагоре, од 384.000 на 386.000 во мај и од 372.000 на 398.000 во јуни, соодветно. За двата месеци корекцијата е вкупно +28.000.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds