Невреме во Турција: Пет лица загинаа, а тројца се водат за исчезнати

 Невреме во Турција: Пет лица загинаа, а тројца се водат за исчезнати

Најмалку пет лица загинаа, а тројца се водат за исчезнати во поплавите и одроните на земјиштето од силниот дожд во северна Турција.

Силен дожд синоќа ја погоди турската провинција Риза на брегот на Црното Море, каде спасувачките екипи трагаат по три исчезнати лица.

Стотици луѓе беа евакуирани.

Десетици села немаат струја поради лошите временски услови.

Турскиот брег на Црното Море често е под влијание на обилни врнежи од дожд и поплавување.

>
>