Нивото на Охридското езеро – 2 см под минимално дозволена кота

 Нивото на Охридското езеро – 2 см под минимално дозволена кота

IslBG

Нивото на Охридското езеро и понатаму продолжува да опаѓа. Според табелата на ЕСМ водостојот вчера беше на 693,08 м.н.в или 2цм под минимално дозволената кота!

Грешката велат хидробиолозите е во тоа што се дозволи децении наназад езерото да претставува акумулација за производство на електрична енергија.

Најголемата грешка е што се дозволи Охридското Езеро да се користи како акумулација за производство на електрична енергија. Имаме контрола на нивото на Езерото од организација која произведува електрична енергија.

Со новите планови, кои се во фаза на разработка, овој момент треба да се промени.

Треба да се утврди кога можат да се вршат вакви осцилации, но не под минималната кота, односно во кој период од годината Езерото може да биде употребено за производство на електрична енергија во рамките на дозволените количини за тоа“, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт во Охрид.

>
>