• 21/09/2020

Низа земјотреси во Албанија на првиот ден од новата година

 Низа земјотреси во Албанија на првиот ден од новата година
loading...
Advertisement

Околу 4 часа по влегувањето во новата 2020 година, во Албанија регистриран е појак земјотрес со јачина од 4.2 степени чиј епицентар бил во Јадранското Море на 26 километри северно од Драч.

Подоцна регистрирани се уште неколку помали земјотреси со епицентар во Јадранското Море и Албанија, но со помал интензитет. Последниот е случен во 11.45 часот со јачина од 2.7 степени со епицентар на 22 километри северно од Драч.