
Ноќе слушале чудни звуци, а потоа ги погледнале снимките од камерата и биле преплашени (ВИДЕО)
Два дена откако ја поставиле камерата, сопственикот на куќата се разбудил среде ноќ и ја видел задната врата отворена
Брачен пар од Ванкувер во американската сојузна држава Вашингтон купил куќа во јуни. По некое време решиле да купат надзорна камера која ја поставиле пред влезната врата бидејќи во текот на ноќта слушале чудни звуци.
Два дена откако ја поставиле камерата, сопственикот на куќата се разбудил среде ноќ и ја видел задната врата отворена.
– Беа ширум отворени иако го поставивме каменот што ги држеше. Беше ветровито таа ноќ, но не толку многу што ветерот ќе го помести каменот и ќе ја отвори вратата – рекла жената.
Кога наутро стигнала на работа, решила да ги погледне снимките од надзорните камери на куќната камера и имала што да види.
На снимката видела маскиран маж како проверува која врата од куќата е отклучена, а во раката има нешто слично на пиштол.
-Веднаш отидов дома да му го покажам видеото на моето момче Џејкоб и потоа повикавме полиција. Полицајците кои ја погледнаа снимката рекоа дека тој држи бушилка во раката, но мене ми личеше на пиштол. Ја објавив оваа снимка за да ги предупредам луѓето – рекла преплашената жена.