Носач на авиони и најнов разурнувач: Кина во близина на Тајван одржува големи воени вежби, тензиите растат

 Носач на авиони и најнов разурнувач: Кина во близина на Тајван одржува големи воени вежби, тензиите растат

Група на кинески воени бродови предводени од носачот на авиони „Лиаонинг“ одржуваат големи воени вежби во близина на Тајван.

Овие воени вежби се одржуваат во моментите на се поголеми тензии помеѓу Кина и Тајван, а во последните неколку дена кинески воени авиони во повеќе наврати го нарушија воздушниот простор на Тајван.

Да потсетиме, Пекинг го смета Тајван за своја територија, иако де-факто нема контрола на островот веќе со децении. Тајван од друга страна ја има поддршката на САД, а Американците се сметаат за заштитници на демократскиот поредок на Тајван.

Ситуацијата беше релативно мирна со години, но со оглед на тоа што доаѓа до големо заладување на односите помеѓу САД и Кина, така и помеѓу Кина и Тајван.

Со оглед на тоа што Пекинг стравува дека тајванското раководство би можело да прогласи целосна независност, аналитичарите сметаат дека на овој начин Кинезите се обидуваат да испратат јасна порака дека нема лесно да се повлечат и дека се подготвени дури и да употребат воена сила.

Токму актуелните воени вежби се „покажување на мускули“, а покрај присуството на носачот на авиони, треба да се истакне дека во групата на воени бродови се наоѓа и првиот разурнувач од новата моќна флота „Тип 055“ кој влезе во служба на кинеската воена морнарица минатата година.

>
>