• 01/10/2020

Нов американски напад: Убиени лидери на проиранската полиција

 Нов американски напад: Убиени лидери на проиранската полиција
loading...
Advertisement

Американските дроново изведоа нов напад во Багдад, а мета беа лидерите на Движењето за национална мобилизација во местото Таџ, северно од Багдад.

Проектилите истрелани од американските дронови погодија два автомобили во Таџ, северно од Багдад, потврдија и извори од Ирак.

Убиени се шест луѓе, а тројца се тешко ранети.

Неофицијален извор од ирачката војска кажа дека мета биле ирачките Народни мобилизациски сили, највисоко рангирана прганизација на шиитската полиција која го поддржува Иран.

Ирачката телевизија Ел Ахад објави претходно снимка од сигурносните камери на кои се гледа моментот на експлозијата на проектилот истрелан од американскиот дрон.