• 23/09/2020

Нов циклус од програмата „Млади лидери создаваат иднина“

 Нов циклус од програмата „Млади лидери создаваат иднина“
loading...
Advertisement

По успешно завршените два циклуси од програмата „Млади лидери создаваат иднина“, Црвен крст Охрид најавува нов циклус на спроведување на оваа програма за млади.

Програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Црвен крст Охрид ја нуди оваа програма со цел да им овозможи на младите охриѓани да ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери да земат учество во живеењето на заедницата, како и да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери.

Во текот на петнаесет седмици, колку што ќе трае претстојниот циклус на реализација на Програмата, учесниците ќе посетат четиринаесет работилници одржани од одлично подготвени обучувачи и дизајнирани за јакнење на животни, работни и вештини за граѓанско лидерство; ќе присуствуваат на Панел за кариера за време на кој неколку успешни сограѓани ќе зборуваат и ќе одговараат на прашања за својот кариерен пат и за образовните квалификации и вештините потребни за да се успее во нивните професии; ќе добијат можност да ги применат новостекнатите знаења самостојно разработувајќи и остварувајќи идеја за проект од корист за заедницата; ќе проследат презентацијаизработена однадворешни соработници за да дознаат повеќе за можностите за едукација, волонтирање и работа за младите луѓе од нашата држава.

Учеството во програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е бесплатно. Црвен крст Охрид упатува покана до сите заинтересирани ученици да се пријават за учество од денес, 5 февруари 2020 до 15 февруари 2020, и тоа: телефонски, на 046 262 706 и 070 315 309; лично, во просториите на Црвен крст Охрид или онлајн, на следниот линк

Првата работилница ќе се одржи на 18 февруари 2020 со почеток во 19:30 часот.

За повеќе информации за „Млади лидери создаваат иднина“ посетете ја фејсбук-страницата на програмата https://www.facebook.com/programamladilideri/ или повелете во просториите на Црвен крст Охрид.

Извор:OhridNews