Нов инцидент ја потресе Америка: Полицаец уби тинејџерка, објавено е видео…

 Нов инцидент ја потресе Америка: Полицаец уби тинејџерка, објавено е видео…

Полицијата во Колумбус, главниот град на сојузната држава Охајо ја уби 16-годишната Афроамериканка Макиа Брајант откако тинејџерката извади нож.

Само 20-тина минути пред поротата во Минеаполис да го прогласи поранешниот полицаец Дерек Шовин за виновен за убиството на Џорџ Флојд, во САД дојде до нов инцидент.

Набрзо после инцидентот, полицијата во Колумбус одржа прес-конференција на која беше објавена и снимката од интервенцијата направена од камерата која ја носеше полицаецот, а на која може да се види како убиената девојка нападна други двајца тинејџери.

Притоа, полицаецот отвори оган кон тинејџерката, испука четири куршуми, по што девојката падна на тлото. Покрај неа имаше кујнски нож.

Градоначалникот на Колумбус ги замоли сите граѓани да останат мирни до завршувањето на истрагата, затоа што на местото на убиството започнаа да се собираат демонстранти.

„Ова попладне млада девојка трагично го загуби својот живот. Не ги знаеме се уште сите детали. Постои снимка од инцидентот и внимателно ќе ја погледнеме“, изјави Ендру Гинтер.

Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата добила повик во кој некој тврдел дека женско лице се обидува да го прободе со нож. Десетина минути подоцна интервенирала полицијата. Тетката на убиената, Хејзел Брајант потврди дека Макиа се скарала со некого, но тврди дека ножот го испуштила од рацете пред да биде застрелана.

x