Нов ковид хаос во Италија: Џенова пријави 14 позитивни случаи

 Нов ковид хаос во Италија: Џенова пријави 14 позитивни случаи

Вирусот ковид -19 најверојатно ќе направи нов хаос во италијанскиот фудбал, откако екипата на Џенова вечерва пријави дури 14 позитивни случаи. Осум се фудбалери, а останатите шест се дел од тренерскиот тим. Помеѓу заразените не е македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Џенова потврдува дека по денешните тестови, бројот на заразени со ковид-19 се искачи на 16 помеѓу членовите на тимот и персоналот. Клубот ги активираше сите постапки според протоколот и ги информираше властите. Клубот ќе дава новости како што се развива ситуацијата. – стои во соопштението од Џенова.

Алармот се уклучи во тимот на Наполи кој синоќа играше со Џенова. „Азурите“ каде настапува Елиф Елмас сигурно ќе се тестираат и со нетрпение ќе ги очекуваат резултатите од кои ќе зависи продолжението на сезоната.

>
>