Нов „NAVTEX“ од Турција: Активностите на „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран се продолжени до 12 септември

Нов „NAVTEX“ од Турција: Активностите на „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран се продолжени до 12 септември

Турција објави уште една нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) во која се истакнува дека активностите за сеизмички истражувања на бродот „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран се продолжени до 12 септември

Турција објави уште една нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) во врска со активностите за сеизмички истражувања на бродот „Оруч Реис“ за кои се вели дека овие активности во претходно утврдената зона ќе бидат продолжени до 12 септември.

Во објавата во однос на наведената зона претходно беше соопштено дека овдешните активности ќе продолжат до 1 септември, додека со овој објавен нов „NAVTEX“ задачата на бродот „Оруч Реис“ е продолжена за уште 11 дена.

Според тоа, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ заедно и со турските бродови „Атаман“ и „Џенгиз Хан“ ќе ги продолжат своите истражувања во претходно соопштената зона во близина на островот Кипар во Источниот Медитеран.

Инаку, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ на чело со пребарувања на природни ресурси во континенталниот гребен може да реализира секој вид геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања.

На бродот „Оруч Реис“ кој е едниот од ретките целосно опремени и повеќе наменски бродови за истражување можат да се вршат воедно и дводимензионални и тродимензионални сеизмички, гравитациски и магнетни геофизички истражувања во морето. 

„Оруч Реис“ може да реализира тродимензионални сеизмички операции на длабочина до 8.000 метри и дводимензионални сеизмички операции на длабочина до 15.000 метри во морето.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds