Нов рекорд, 364 новозаболени од ковид-19

 Нов рекорд, 364 новозаболени од ковид-19

Coronavirus virus outbreak and coronaviruses influenza background as dangerous flu strain cases as a pandemic medical health risk concept with disease cells as a 3D render (Coronavirus virus outbreak and coronaviruses influenza background as dangerous

Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека денеска бројот на новозаразени од ковид-19 е 364 лица, откако претходните денови имаше секојдневно зголемување на нови случаи.

„Нема никаква манипулација со бројките и не гледам причина, а најмалку политичка за да се манипулира со бројките“, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, бројот на нови случаи продолжува да расте во целиот свет, а и во нашиот регион.

 Во врска со вакцината за сезонски грип, Филипче рече дека таа ќе пристигне кај нас на крајот на октомври и соодветно ќе биде распоредена. 

>
>