
Нов рекорд: Во оваа земја живеат повеќе од 80.000 стогодишници
Популацијата на луѓе постари од сто години во Јапонија ја надминала бројката од 80.000, пишува “Anadolu Agency”.
Повикувајќи се на извештаи од Министерството за здравство, работа и социјални служби на Јапонија, новинската агенција “Kyodo” јавува дека во таа земја моментално живеат 80.450 лица на возраст над сто години, што е за 9.176 повеќе во однос на истиот период минатата година.

Истиот извор јавува дека бројот на стогодишниците во Јапонија расте веќе половина век, а дека дури 88,2 проценти од таа популација ја сочинуваат жени.

Префектурата Шимано на западот на Јапонија осми пат по ред има најголем број на стогодишници на 100.000 луѓе (127,6), а следи Кочи (119,77) и Тотори (109,89).

Претходно јапонските власти соопштиле дека просечниот животен век на луѓето во Јапонија минатата година бил 87,45 години за жени и 81,41 година за мажи, што е рекорд во двата случаи.

Најстарата личност во Јапонија е 117-годишната Кане Танака од Фукуока. Таа воедно е вброена и во Гинисовата книга на рекорди како најстара жива личност на светот.