• 18/09/2020

Нов триумф на Лабуништа, косовски Кек лесна задача за „црно белите“

 Нов триумф на Лабуништа, косовски Кек лесна задача за „црно белите“
loading...
Advertisement

Фудбалерите на Лабуништа забележаа нова победа во контролните натпревари совладувајќи го составот на Кек од Косово со 2-0 (1-0). До сега Лабуништа ја совлада Ренова со минимални 1-0 и ремизираше 1-1 со Кораб од Албанија.

„Зелено белите“ за триумф на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид постигнаа по еден погодок во двете полувремиња. Во првиот дел прецизен беше Антонио Каланоски, додека во вторите 45 минути за Лабуништа погоди Климе Далчески.

Следната тест средба Лабуништа ќе ја одигра на 10 февруари против прилепска Победа веројатно во Охрид.

Извор: OhridNews