• 25/09/2020

Нов земјотрес ja погоди Турција

 Нов земјотрес ja погоди Турција
loading...
Advertisement

Земјотресот, кој според првичните податоци бил со јачина од 5,5 степени, го погоди северот на Турција. Сè уште не е соопштено дали има жртви или штета, освен тоа што граѓаните во паника ги напуштиле домовите и излегле на улиците.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Саруханли, во провинцијата Маниса, на длабочина од девет километри, соопшти владината управа за вонредни ситуации и катастрофи.

Информативниот канал Хабер Турк објави дека земјотресот бил почувствуван и во областите во близина на Измир, Ајдин и Мугла.

Градоначалникот Бесим Дутлулу изјави за каналот Хабер Турк дека граѓаните ги напуштиле своите домови во паника, но дека, колку што биле информирани, никој не е повреден.

Земјотресот се случи само еден ден откако претходниот земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди источната провинција Ван, на границата со Иран, при што беа повредени пет лица.

Во Турција се пресекуваат две големи линии – пукнатини, поради што земјотресите се чести на таа територија. Во земјотресот со јачина од 7,4 степени во 1999 година загинаа повеќе од 17,000 луѓе во северозападниот дел на земјата.