
Нова опасност се надвила над Вухан, на сила црвен аларм
Кинескиот град Вухан, како и провинциите Анхуи, Џиангси и Жеџијанг прогласиле црвен аларм поради обилните дождови.
Дождовите се закануваат да го кренат нивото на реките и езерата и да направат уште поголеми проблеми во земјата.
Властите во Вухан, кој се наоѓа на брегот Јангце, ги предупредиле граѓаните да преземат превентивни мерки бидејќи реките веќе досигнале максимално ниво во своите корита.
Нивото на огромното вештачко езеро Три клисури е повисок за 10 метри од вообичаеното, со приливи на вода поголеми од 50.000 кубни метри во секунда.
Слична е ситуацијата и на другите езера и водени токови во споменатите провинции, наведува “Reuters” и додава дека на езерото Таи во близина на Шангај исто така е прогласен црвен аларм поради високиот водостој.
Од поплавите кои претходните денови ја погодиле Кина, погоден е градежниот сектор, но и други економски активности, наведуваат аналитичарите и додаваат дека поплавите во третиот квартал би можеле да влијаат на падот на БДП за 0,4 проценти, пренесува “Tanjug”.