• 24/09/2020

Нова промена на УЕФА: Преку Лигата на Нации ќе можеме и до Светското првенство во Катар

 Нова промена на УЕФА: Преку Лигата на Нации ќе можеме и до Светското првенство во Катар
loading...
Advertisement

УЕФА вчера ги објави шеширите за новата сезона во Лигата на Нации, ние поради освоеното прво место во групата сега сме еден ранг погоре.

Ние ќе играме во групата Ц и ќе бидеме сместени во вториот шешир со Косово, Белорусија и Кипар. Новото издание на Лигата на Нации ќе се игра од септември до ноември идната година, а првите натпревари се закажани за на 3. и 5. декември.

Кога се формираше Лигата на Нации УЕФА одлучи да и даде на тежина така што овозможи победникот од секоја дивизија да има обезбеден настап на Европското првенство во 2020. Благодарение на тоа ние се уште се надеваме на прв историски настап, а за тоа ќе треба да го победиме Косово во полуфиналето и потоа да славиме во финалето со Белорусија или Грузија.

Меѓутоа бидејќи следното ЕП ќе се игра дури во 2024 година сега УЕФА одлучи ова натпреварување да го спои со Светското првенство Катар.

Директно од европските квалификации на Мундијалот ќе се пласираат само првопласираните селекции од групите. Во дополнителните квалификации ќе одат второпласираните и двете најдобри репрезентации кои биле победници во својата група во Лигата на Нации, а претходно немале обезбеден пласман на СП. Доколку се пласирани тогаш шанса добива репрезентацијата зад нив.

Тие 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи со по четири репрезентации и ќе се игра по системот на Фајнл-фор односно полуфинале и финале во еден добиен натпревар. Домаќинот на финалето ќе се одреди со ждреб.

УЕФА потврди и дека во квалификациите за СП ќе се користи ВАР технологијата.