Нова, современа велосипедска патека во северна Италија

 Нова, современа велосипедска патека во северна Италија

Спортистите и љубителите на природата наскоро ќе можат да уживаат во новата велосипедска патека „Циклописта дел Гарда“, околу работ на езерото Гарда во Италија. Изградбата ќе заврши до крајот на оваа година, а ќе биде долга вкупно 140 километри.

Проектот ќе вклучува и постојни патеки, а и нови кои ќе бидат изградени дополнително. Велосипедската патека е широка и погодна и за семејна рекреација, бидејќи нема стрмнини.

Велосипедистите, но и пешаците се импресионирани од архитектонската елеганција и од естетиката на новата патека.

Оваа голема велосипедска патека ќе се протега низ областите Ломбардија и Венето, како и покраината Тренто. Планирани се и врски со европски велосипедски рути како што се Евровело Рута 7 и Рута 8.

x