Новата мутација на корона вирусот се шири низ Европа, се прекинуваат авио врските со Британија

 Новата мутација на корона вирусот се шири низ Европа, се прекинуваат авио врските со Британија

СЗО е во постојан контакт со Британските власти за новата мутација на корона вирусот кој многу побргу се шири од досега познатиот вид. Според информациите од СЗО истата мутација веќе е потврдена и во Холандија, Данска и Австрија.

– Морам да истакнам дека во моментот нема ништо што сугерира дека оваа мутација има веројатност да предизвика сериозни болести, а последниот клинички совет е дека многу малку веројанто е оваа мутација да е отпорна на вакцината изјави миниситерот за здравство на Велика Британија.

Британците за новата мутација на ковид 19 информираа пред неколку денови, кога кај најмалку 1000 луѓе била идентификувана и тоа претежно на југот на Англија. Новата мутацијата може да биде до 70 отсто попренослива од оригиналната верзија на вирусот предупеди британскиот премиер. Поради новонастанатата ситуацијата пропадна планираното релаксирање на рестрикциите кои требаше да им овомзожи на граѓаните поголема слобода и дружба за празниците. Истокот на земјата влезе во праг 4, жителите мора да останат дома.

– Иако новата мутација е концентрирана во праг 4 области, сепак е присутен во помали дози низ целата земја. Затоа ги замолуваме сите граѓани да се движат локално. Тие што се во праг 4 не им е дозволено да патуваат надвор, со лимитиран исклучок за потребите на работата порача Борис Џонсон премиер на Велика Британија за рестрикциите.

Како превентивна мерка за да го спречи ширењето на новата мутација на вирусот Холандија веќе забрни комерцијлани летови од Велика Британија и ги предупреди граѓаните да не патуваат таму доколку тоа не е неопходно. И Белгија   одлучи да постапи како  Холандија. Наредбата стапува на сила од полноќ истакна премиерот.