Нови 10 случаи со коронавирус во Албанија

Нови 10 случаи со коронавирус во Албанија

Албанија денеска регистрира нови случаи на заразени од корона вирус. По прекинот на наставата и забраната за одржување јавни собири до 3 април, денеска комплетно се дезинфицираат училиштата, градинките и институциите.

Прекинати се и летовите кон Италија.

„Еден авион тргнал во 11.20 за Рим и тоа ќе биде последниот лет, се прекинуваат сите летови. Ако италијанските власти одлучат да ги повлечат нивните државјани од Република Албанија тоа ќе се овозможи само ако авионите на ‘Ал Италија’ или други авиони слетаат во Албанија празни, односно без патници“, вели Белинда Балуку – министерка за инфраструктура и енергетика.

Владата на Србија пак, донесе одлука за привремена забран за влез на странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно пренесување на коронавирусот. Таму до претпладнево имаше четворица заразени, додека во Грција бројката се искачи на над 80 лица. Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли денеска соопшти дека и самиот тој е во самоизолација во домот во Брисел како мерка на претпазливост бидејќи патувал во Италија.

„Ковид 19 обврзува секого да биде одговорен и претпазлив. Парламентот ќе продолжи со извршување на своите надлежности. Ниту еден вирус не може да ја блокира демократијата“, изјавил Дејвид Сасоли – претседател на Европскиот парламент.

Во Италија од синоќа прогласен е карантин на ниво на цела држава. На над 60 милиони жители движењето им е ограничено, освен ако немаат неопходна потреба да појдат на лекар или поради докажани професионални обврски. Затворени во следните две недели ќе бидат и училиштата во Шпанија.

Светската здравствена организација предупредува дека заканата за пандемија е многу реална, додека во Кина пак, владее оптимизам бидејќи регистрирале само 19 нови на заболени во последното деноноќие.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds