
Нови 11 општини ќе бидат опфатени со теренското прибирање податоци за улици и куќни броеви
Агенцијата за катастар на недвижности во рамките на програмата IPA/2019/PG/0168-6574 доби финансиска подршка од страна на Европската Унија, за проектот Воспоставување на Графички регистер на улици и куќни броеви за теренско прибирање на графичките и атрибутните податоци за улиците и куќните броеви за 11 општини во Република Северна Македонија.
Теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе опфати просторни и описни податоци за сите улици и објекти, во сите населени места од следните општини: Боговиње; Струга; Вевчани; Куманово; Штип; Демир Хисар; Чашка; Македонски Брод; Радовиш; Кратово; Валандово.
Претходно, на два пати беа опфатени, прво скопските, а потоа и 11 други општини низ државата. На овој начин, Агенцијата за катастар на недвижности, продолжува со активностите за воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви, кој е основа за формирање на Адресен Регистар, како единствен и авторитативен извор на адресна информација во Република Северна Македонија.