Нови 1342 случаи на ковид-19, 22 лица ја загубија битката

 Нови 1342 случаи на ковид-19, 22 лица ја загубија битката

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-479, Куманово-52, Дебар-20, Штип-45, Прилеп-84, Тетово-58, Струга-52, Велес-59, Битола-83, Охрид-49, Кавадарци-42, Гостивар-63, Гевгелија-33, Струмица-29, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-5, Кочани-33, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-4, Валандово-4, Виница-4, Делчево-22, Кратово-7, Свети Николе-13, Кичево-31, Ресен-13, Неготино-18.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти од: Скопје-266, Куманово-49, Штип-30, Прилеп-51, Тетово-1, Струга-30, Велес-13, Битола-56, Охрид-29, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-3, Струмица-16, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-3, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-11, Кичево-21, Ресен-3 и Неготино-8.

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

>
>