• 05/04/2020
 Нови 24 случаи на заболени од коронавирус, еден во Охрид

Нови 24 случаи на заболени од коронавирус, еден во Охрид

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (123 случаи), Дебар (43) од кои 2 починати, Куманово (15) од кои 1 починат, Штип (8), Велес (3), Охрид (3), Кавадарци (2), Прилеп (2), Гостивар (1) и Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

Digiqole ad

Можеби ке те интересира