Нови 999 заразени со Ковид19, 24 починати

 Нови 999 заразени со Ковид19, 24 починати

epa08764781 Two ambulances carrying patients infected with COVID-19 arrive at the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 22 October 2020.The autumn wave of COVID-19 filled up hospitals in North Macedonia. The last available beds in the country are in an assembly hospital next to the clinic for infectology which is rapidly filling up. The minister of health Venko Filipce said that if these last capacities are filled, there are no other measures left but setting police curfew and total lock down. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на Ковид19. Од нив најмногу во Скопје- 539, а потоа следуваат Прилеп и Битола – по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово – 22, Неготино – 21, Кочани – 20, Крива Паланка – 19, Гостивар – 16, Штип – 15, Струга – 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.

За истиот период пријавени се вкупно 24 починати лица на возраст од 46 – 80 години, сите во болнички услови. Регистрирани се 543 оздравени пациенти.

Со ова вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.

>
>