Нови детали од драмата во Нешвил: 15 минути пред експлозијата, од разглас се слушнала пораката – “Евакуирајте се веднаш, тука има бомба”

 Нови детали од драмата во Нешвил: 15 минути пред експлозијата, од разглас се слушнала пораката – “Евакуирајте се веднаш, тука има бомба”

Масивната експлозија во центарот на Нешвил урнала една зграда и оштетила неколку други. Три лица се повредени.

Шефот на полицијата рекол дека паркираниот камионет експлодирал оштетувајќи бројни згради во близина. 

Како што пренесуваат американските медиуми, една жена тврди дека преку разглас слушнала снимена порака која ги предупредила луѓето да се евакуираат.

“Овој камионет има бомба, ве молиме да се евакуирате”, се слушнало на снимката.

“Слушнавме пет до шест истрели, но на почетокот на мислевме дека е нешто сериозно. После пет минути ги слушнавме повторно, па се јавив во полиција. Се симнав во приземјето и видов комби и слушнав снимка: “Ова возило има бомба, евакуирајте се””, вели жената која наводно била сведок на експлозијата.

Како што истакнува, подоцна се променила снимената порака, на која било порачано дека граѓаните имаат уште 15 минути да се евакуираат.

“Не видов дали има некој во комбето, но имаше снимена порака. Последното одбројување што го слушнавме беше кога имаше уште осум минути до експлозијата. Тогаш заминавме”, додала таа.

Истрагата ја презема ФБИ.


>
>