• 22/09/2020

Нови детали за катастрофата во Либан: Ова е причината за белите блесоци после кои се појави црвен пламен

 Нови детали за катастрофата во Либан: Ова е причината за белите блесоци после кои се појави црвен пламен
loading...
Advertisement

Десетици вреќи огномет биле складирани во истиот хангер во кој имало повеќе од две илјади тони експлозивен амониум нитрат на пристаништето во Бејрут, а во кој на 4-ти август дојде до експлозии, пренесува лондонскиот „Гардијан“.

Тој огномет би можел да биде одлучувачкиот фактор кој довел до експлозијата, потврдил поранешен пристанишен работник и други извори за споментатиот медиум.

Поранешниот работник на пристаништето во Бејрут, Јусуф Сехади, за „Гардијан“ рекол дека добил инструкции од либанската војска да го чува амониум нитратот во хангарот, а таму имало и 30-40 најлонски вреќи огномет.

Тој рекол дека тој огномет царината го запленила во 2009-та или 2010-та година, односно неколку години пред да го заплени амониум нитратот и дека тој лично видел кога вреќите со огномет биле внесени во хангарот.

И друг извор потврдил дека огнометот бил во складиштето кое експлодирало, а тоа го потврдува и снимката која ја објавила истражувачката страница „Belingcat“.

На снимката се гледаат бели блесоци од запленетото складиште кои предизвикале голем, црвен пламен кој брзо се шири пред да дојде до втората, силна експлозија, наведува „Гардијан“.

Во експлозијата до која дошло на 4-ти август, уништено е пристаништето и цели градски квартови на Бејрут, загинале најмалку 163 лица, додека повеќе од 6.000 се повредени, а срушени се околу 6.000 згради.