Нови детали за нападот во Виена: Напаѓачот добил СМС порака која погрешно ја разбрал, после три часа тргнал во напад

 Нови детали за нападот во Виена: Напаѓачот добил СМС порака која погрешно ја разбрал, после три часа тргнал во напад

Како одминува истрагата за терористичкиот напад во Виена, така испливуваат нови детали за Кујтим Фејзулаху кој имал и македонски пасош, а по потекло е од Челопек.

Фејзулаху на 2. ноември во вечерните часови во центарот на Виена извршил терористички напад, по што убил 4 лица, а ранил околу 20.

Како што наведува австрискиот портал „Кроне“, непосредно пред терористичкиот напад примил СМС порака после која тргнал и го извршил нападот.

Пораката му била испратена од страна на мобилниот оператор, како резултат на неговиот повик два дена порано, на 31. октомври. Тој испратил автоматски повик кон полицијата поради грабеж во подрумот на неговата зграда.

Два дена подоцна му била испратена кратка СМС порака со содржина: „Вашиот број на телефон е лоциран 31.10. во 14:46 часот и сите податоци се проследени на главната полициска управа во Виена“.

Пораката очигледно се однесувале за неговиот повик, но тој погрешно ја разбрал, и веројатно сметал дека се однесува за неговото купување на оружје претходно, со што се испаничил.

Пораката можеби не е причина за нападот, но според „Кронен цајтунг“, може да има големо влијание, односно да биде предизвикувач за нападот.

Фејзулаху по извршување на нападот, бил ликвидиран од полицијата.